Обама: Дејствата на Русија се знак за слабост

Русија е регионална држава, што и се заканува на некои од своите соседи. Но овие закани се манифестација на слабост, а не на сила, истакнал американскиот претседател Барак Обама во Хаг, пренесе „Интерфакс“.

Обама рекол уште дека како Русија, така и САД, имаат големо влијание на своите соседни држави, но Американците не ги заземаат нивните територии.

„Акциите на Русија во Крим се извор на проблеми, но тие не се главната закана за нашата национална безбедност“, додал Обама.