Свет

Обама до Путин: Повлечи ја војската

Обама до Путин: Повлечи ја војската

Укранина причина за долг телефонски разговор меѓу двајцата најмоќни лидери во светот, Барак Обама и Владимир Путин.

Обама му нагласил на својот руски колега дека Русија го прекршила меѓународното право со испраќање на војници во Украина, пренсе  Би-Би-Си. Тој додал дека Путин мора да ги повлече сите воени сили кои тргнале кон Крим.

Според соопштениот од Кремљ, одговорт на Путин бил дека Москва го задржува правото да ги заштити своите интереси и оние на кои зборуваат руски во Украина.

Украина вели дека ја ставила армијата во состојба на целосна борбена готовност откако рускиот парламент го одобри распоредувањето на руските сили.