Обама формира нова оперативна полициска единица

Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе формира оперативна единица која треба да даде предлози за јакнење на довербата меѓу службите за безбедност и локалните заедници, по серијата протести поради повеќе случаи на убиства на невооружени луѓе оваа година, за кои е одговорна полицијата, пренесува МИА.

– Постои чувство на итност, изјави високата советничка во Белата куќа, Валери Џерет пред Обама да ја потпише извршната наредба со која се формира „Оперативна единица за полициска активност во 21. век“.

Таа истакна дека со оваа наредба Комисијата составена од 11 членови се обврзува до 2 март 2015 година да му поднесе предлози на шефот на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.