Свет

Обама ги прогласи 5, 6 и 7 септември за Национални денови на молитва и сеќавање

Обама ги прогласи 5, 6 и 7 септември за Национални денови на молитва и сеќавање

Барак Обама, претседателот на САД, ги прогласи 5, 6 и 7 септември 2014 година за денови во чест на жртвите во терористичките напади на 11 септември 2001 година.

– Ги прогласувам 5 до 7 септември 2014 година за Национални денови на молитва и сеќавање. Ги молам граѓаните на САД да оддадат почит во чест на сеќавањето на жртвите на 11 септември 2001 година и нивните блиски. Ги повикувам луѓето од целиот свет да учествуваат во тоа, се наведува во декрет на Обама.

Речиси 3.000 лица загинаа во терористичките напади на 11 септември 2001 година во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија, а над 6.000 беа повредени.

Меѓу жртвите има жители на над 90 земји.