Обама го ослободува затвореникот кој го сака Далај Лама и вежба јога

Американскиот претседател Барак Обама ќе пушти затвореник од Гвантанамо кој  ја прочитал биогарфијата на Далај Лама и вежба јога.Со интенција да го испразни затворот во Гвантанамо до крајот на својот мандат, американскиот претседател одлучи да воведе помалку конвенционални услови за пуштање на затворениците на слобода.

Па така, еден затвореник кој е осомничен за тероризам, Обама ќе го пушти поради „позитивниот став“, а друг затоа што по ослободувањето ќе отвори фарма за производство на мед и млеко.

Критичарите на планот на Обама за укинување на затворот Гвантанамо истакнуваат дека 29 отсто од затворенците по пуштањето на слобода се враќаат на терористички активности.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.