Обама го осуди нападот врз синагогата во Ерусалим

Претседателот на САД Барак Обама го осуди нападот во синагогата во Ерусалим, при што загинаа четири лица.

Обама апелираше до израелските и палестинските лидери да ги намалат тензиите и да се стремат кон постигнување на мир.

– Во овој деликатен момент во Ерусалим поважно за израелските и палестинските лидери и за обичните граѓани е заеднички да работат за намалување на тензиите, отфрлање на насилството и изнаоѓање на пат кон мирот, посочи Обама.

Нападот го изведоа двајца Палестинци, а тројца од загинатите имале двојно државјанство – израелско и американско, додека четвртиот имал и израелско и британско државјанство.

Во меѓувреме градоначалникот на Њујорк Бил де Блазио ги зголеми безбедносните мерки околу синагогите и другите позначајни места во градот поради нападот во Ерусалим.

– Њујоршката полиција е во контакт со Израел. Го зголемивме полициското присуство во синагогите и ги повикувам сите њујорчани да бидат внимателни и веднаш да сигнализираат за сомнителни дејности, посочи Блазио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.