Обама го осуди убиството на двајцата полицајци во Бруклин

Американскиот претседател Барак Обама го осуди вчерашното убиство на двајцата полицајци во Бруклин, Њујорк, пишува МИА.

– Претставниците на полицијата заслужуваат почит и благодарност за нивната секојдневна работа, истакна Обама, кој е на семеен одмор на Хаваи.

Вооружен маж вчера застрела двајца полицајци кои седеле во полициски автомобил, а потоа се самоуби во метро станицата во близина.