Обама го повика Конгресот да гласа за закон за засилена гранична контрола

Американскиот претседател Барак Обама го повика Конгресот да гласа за реформа за имиграцијата и јавно ја бранеше својата одлука со указ да ја уреди правната положба на околу пет милиони нелегални имигранти во земјата, пренесоа француските медиуми.

-Сметам дека најдобро средство за уредување на овој проблем е двете партии да работат заедно и да гласаат за прифаќање на законот, рече претседателот во својот неделен краток говор, што директно се пренесува на радио и телевизија. Тој го спомена продлог законот, одобрен од Сенатот, но отфрлен од Претставничкиот дом на Конгресот.

-Таквиот закон ќе ја засили контролата врз нашите граници, а во исто време на имигрантите, кои тука живеат долго време, ќе им даде можност за натурализација, рече Обама.