Обама го повика Конгресот да усвои закон за финансирање на борбата против вирусот зика

– Конгресот треба да претстави закон со кој се предвидува доволно финансирање, за да се заврши таа работа, објасни Обама.

Претходно, двата дома на Конгресот одобрија средства во висина од 1,1 милијарда долари, што е значително помала од онаа која беше побарана, односно 1,9 милијарда долари.

Обама нагласи дека ако не биде одобрена потребната сум, ќе стави вето на општите закони на двата дома на Конгресот.