Обама го предлага генерал Џон Кембел за нов командант на ИСАФ

Американскиот претседател Барак Обама синоќа го предложи генерал Џон Кембел за командант на Меѓународните сили за поддршка на мирот во Авганистан.

Генерал Кембел во моментот е прв заменик началник на Штабот на армијата и ќе ја преземе функцијата ако Сенатот ја одобри кандидатурата.

Во периодот 2010-2011 генерал Кембел бил командант на воено-воздушна дивизија на САД во источен Авганистан.

Тој ќе го замени на функцијата генерал Џо Данфорд, во момент кога ИСАФ е во засилена подготовка пред повлекувањето на главниот дел од контигентот од Авганистан до крајот на годината. Во моментот ИСАФ има 52.000 војници од кои 32.000 Американци.