Обама го предупреди Пјонгјанг

При посетата на Јужна Кореја, американскиот ретседател Барак Обама предупреди дека Северна Кореја ќе се соочи со решителен меѓународен одговор, ако изврши нова нуклеарна проба, предупреди американскиот претседател Барак Обама.

Целта на посетата на Обама на Јужна Кореја е да му изрази уверување на Сеул дека САД не се откажуваат од вршењето притисок врз Пјонгјанг за прекин на напорите за создавање на нуклеарно оружје.

Пјонгјанг досега има извршено три нуклеарни тестирања, во 2006, 2009 и во февруари 2013 година. Ваквите тестови се забранети од ОН.