Обама го претстави идниот претседателски центар во Чикаго

Поранешниот американски претседател Барак Обама ја откри во средата макетата на својот иден претседателски центар во Чикаго, кој треба да биде користен за школување на идните политички лидери.

Претседателскиот  центар на Барак Обама ќе биде граден на 200 хектари во Џексон Парк во чикашкиот кварт Саут Сајд, Паркот е уреден во 1893 година за потребите на Светска изложба.

Центарот ќе се состои од три згради: музеј, сала за конференции и библиотека, Музејот, највисоката од трите градби, ќе опфаќа јавни простори, канцеларии, сали за предавања и изложбен простор, соопшти фондацијата на Обама.

„Сакаме ова да биде најценетата институција во светот за школување нови млади челници кои се во состојба да ги променат работите во своите заедници, во своите држави и во светот. Тоа е нашата цел“, изјави Обама во Чикаго на претставувањето на идниот центар.

Поранешниот претседател претпазливо се враќа во јавноста по истекувањето на вториот мандат во јануари. Во април беше модератор на собир на универзитетот во Чикаго, што беше прв негов јавен настап откако се исели од Белатауча.

Проектот би требало да биде готов за четири години, но едукациските програми ќе започнат уште оваа година, рекол Обама кој за таа цел ќе донира два милиона долари.
Чикаго, каде што Обама има куќа и каде што мина поголем дел од својата политичка кариера,  победи во конкуренција на Њујорк и на Хаваи, каде што е роден, кои сака да бидат домаќини на неговиот центар.