Обама: Хилари Клинтон би била одличен претседател

Според претседателот Барак Обама, Хилари Клинтон би била одличен претседател ако реши да се кандидира.

Во интервјуто за емисијата „Оваа недела“ на телевизијата Еј Би Си, Обама истакнал дека гласачите се заинересирани за некој кој зад себе нема „толкава километража“ како тој и прашал кој ќе ја „сврти страницата“. Според него, има повеќе потенцијални кандидати на Демократската партија кои би можеле да бидат одлични претседатели на САД, но од сите нив со име ја навел само Хилари Клинтон, за која признава дека не се согласува по сите прашања.

Клинтон е една од моќните лидери на Демократска партија со богата историја во политиката. Откако беше прва дама во сојузната држава Арканзас, за време на двата претседателски мандати на нејзиниот сопруг Бил Клинтон, беше прва дама на САД, а по истекот на мандатот беше избрана за сенатор.

Откако Демократската партија го номинираше Обама во 2008 година наместо неа за претседателски кандидат, таа се истакна како државен секретар на САД за време на првиот мандат на Обама.

Според анкетите, Хилари ужива најголем углед од сите потенцијални претседателски кандидати на демократите вклучувајќи го и сегашниот потпретеседател Џозеф Бајден, кој не ја исклучува можноста по трет пат да се обиде да влезе во Белата куќа.

Според анкетите, осум од десет демократи имаат позитивно мислење за Хилари Клинтон, додека позитивно мислење за нејзиниот евентуален противкандидат Бајден имаат 71 процент од анкетираните демократи.