Обама и Меркел договараат нови санкции за Русија

Американскиот претседател Барак Обама и германската канцеларка, Ангела Меркел, разговарале на телефон околу можноста за нови санкции на Русија, поради нејзините акции во Украина и повтроно ја повикуваат Русија да ги повлече војниците од границата со Украина, соопштила Белата куќа.

Американската администарција рекла дека проруски сепаратисти, со помош на Москва, ја дестабилизираат Украина низ оркестрирана кампања и саботажа, наведува Ројтерс.

Обама истакнал дека САД, ЕУ и другите партнери во светот треба да бидат подготвени да одговорат на понатамошната руска ескалација, со дополнитени санкции.

Во меѓувреме, Би-Би-Си јавува дека САД ја обвиниле Русија дека ги користи своите енергетски резерви, како „инструмент на присила“ за контрола на Украина.

Русија вчера ги предупреди европските земји дека е можно да ја прекине испораката на гас поради неисплатените украински долгови.

НАТО, истовремено, ја потврди автентичноста на сателитските снимки на кои се гледа доаѓањето анн руското воено засилување на укараинската граница, изминатите недели. НАТО тврди дека на снимките, кои се објавени вчера, се гледаат околу 40.000 руски војници во близина на границаа и дека снимките датираат од крајот на март и почетокот на април. На снимките се гледале и софистицирани борбени авиони и хеликоптери.