Обама и Меркел: Русија да се повлече од Крим

Претседателот на САД, Барак Oбама и германската канцеларка Ангела Меркел се согласиле дека Русија треба да ги повлече силите и да дозволи пристигнување на меѓународни набљудувачи на Крим.

Обама во телефонскиот разговор со Меркел го поздравил „обединетиот став“ на Европската Унија и САД кон влезот на Русија на територијата на Украина, соопшти Белата куќа.

Двајцата соговорници се „согласиле дека Русија треба да ги повлече силите, да дозволи доаѓање на меѓународни набљудувачи на Крим и да поддржи слободни и фер претседателски избори во Украина во мај“, се наведува во соопштението.

Обама и Меркел ја истакнале загриженост, што според нив, Русија го крши меѓународното право со воена интервенција во Украина. Западот предупреди дека ќе воведе санкции кон Москва поради постапките на Крим, каде проруски вооружени групи спречуваат пристигнување на странски набљудувачи кои треба да ја смират тензијата на овој полуавтономен полуостров на Црното море.