Обама и Порошенко разговараа за ситуацијата во Украина

Американскиот претседател Барак Обама и украинскиот претседател Петро Порошенко разговараа за начините за ефикасна контрола на границата меѓу Русија и истокот на Украина.

Како што соопшти Белата куќа во синоќешниот телефонски разговор на Обама и Порошенко станало збор за тоа и двете страни да го почитуваат договорот за примирје кој е потпишан минатиот месец во Минск.

Претседателите на САД и Украина разговараа за енергетска безбедност, политички реформи и напори за Украина да ја засилат економијата.

Обама и Порошенко разговараа пред планираниот состанок на рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот шеф на државата во Милано.

Рускиот претседател од Белград денеска ќе отпатува во Милано на европско-азиски самит.