Свет

Обама и Путин на „жешка линија“

Обама и Путин на „жешка линија“

Претседателите на САД и Русија, Барак Обама и Владимир Путин, разговараа околу тоа како Зимските Олимписки игри во Сочи да бидат сигурни и безбедни.

За безбедносните прашања на Олимписките игри кои ќе се одржат во февруари, Обама и Путин, имале телефонски разговор, во момент кога руските сили за безбедност трагале за тројца потенцијални бомбаши самоубијци, меѓу кои и еден за кој се верува дека е во Сочи.

Американскиот Стејт департмент предупредува дека сите кои учествуваат на игрите мора да бидат внимателни кога станува збор за нивната лична безбедност, а загриженост изразиле и членовите на американскиот Конгрес.

Белата куќа соопшто дека Обама и Путин исто така разговарале за граѓанската војна во Сирија и подготовките за мировната конференција која денеска започнува во швајцарскиот град Монтре, како и за напорите за уништување на хемиското оружје.