Обама им вети на Американците дека ќе бидат безбедни во Сочи

Американскиот претседате Барак  Обама, ги собра членовите на својот тим за национална безбедност за да му дадат гаранција дека ќе ги преземат сите потребни мерки за безбедноста на американските олимпијци кои ќе учествуваат на Зимските олимписки игри во Сочи .

Обама од нив побара да соработуваат со руската Влада и другите партнери со цел Игрите да бидат крунисани со успех , се вели во соопштението од Белата куќа.
Обама минатиот минатата недела изјави дека Зимските олимписки игри во Сочи ќе бидат безбедни, но ги советуваше Американците, кои ќе патуваат во Русија да бидат претпазливи.
Белата куќа изрази загриженост и за зголемениот број на насилства во Сочи пред стартот на Игрите, но им вети на своите спортиси и посетители дека ќе бидат сигурни во Сочи.