Обама ќе наложи вето на предлог-законот со кој се дозволува на Саудиска Арабија да и се суди за нападите на 11 септември

Белата куќа потврди вчера дека претседателот Барак Обама ќе наложи вето на одобрениот од американскиот Конгрес предлог-закон, со кој им се одобрува на блиските на жртвите од нападите на 11 септември 2001 година да покренат обвинение за земји како Саудиска Арабија. 

– Тоа не е ефикасен начин да се одговори на тероризмот, истакна претставникот на Белата куќа Џош Ернест.

Американската извршна власт е загрижена дека таков закон ќе создаде опасност самите САД да станат предмет на судски прогон во други земји.

Петнаесетмина од 19 киднапери на авиони при нападите на 11 септември 2001 година во САД беа Саудијци, но не беа пронајдени цврсти докази дека Саудиска Арабија е вмешана.