понеделник, 2 јануари 2017  |  Вести денес: 9

Обама ќе се обрати пред кубанскиот народ

Barack Obama

Последни вести

Американскиот претседател Барак Обама на последниот ден од својата посета на Куба ќе му се обрати на кубанскиот народ, а кубанската Влада не се спротивстави обраќањето да биде пренесувано од медиумите, соопшти денеска Белата куќа.

– Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро, исто така, ќе одржат заеднички прес брифинг, но неговиот прецизен формат се уште не е утврден, изјави заменик советникот за национална безбедност на белата куќа, Бен Роудс, пренесуваат британските медиуми.

Обама на 21 март ќе отпатува во дводневна посета на Куба, а како што е најавено, таму ќе се состане со претседателот Раул Кастро во обид „да се унапредат односите меѓу двете земји и напорите за подобрување на животот на кубанскиот народ“.

Посетата на Обама на Куба ќе биде дел од неговата турнеја низ Латинска Америка (Аргентина) следниот месец, претходно беше најавено во Вашингтон.

Заменик советникот за национална безбедност на Белата куќа, Бен Роудс, кажа дека САД и натаму имаат „сериозни разлики“ со Владата на кубанскиот претседател Раул Кастро и дека Обама во разговорот со Кастро во текот на посетата ќе го отвори и прашањето на човековите права и политичките слободи на Куба.

Најчитани вести