четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 0

Обама: Коми е човек со интегритет

obama

Поврзани вести

Претседателот на САД, Барак Обама верува дека директорот на ФБИ, Џејмс Коми е човек со интегритет кој не се обидува да влијае на американските претседателски избори, изјавил портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест за „Ројтерс“.

Коми неодамна најави истрага за дополнителните мејлови од приватниот сервер на демократската кандидатка за претседател, Хилари Клинтон.

Ернест вели Обама и понатаму  има целосна доверба во Клинтон, пренесува Ројтерс. Тој додал дека нема “независни сознанија“ за тоа како Коми дошол до одлуката јавно да објави за истрагата на ФБИ за мејловите ниту знае „кои фактори се земени предвид“ во оваа одлука на директорот на ФБИ.

Лидерот на демократското мнозинство во американскиот Сенат, Хари Рид го обвини ФБИ дека има двојни стандарди, бидејќи го насочил вниманието кон истрагата за мејловите на кандидатката Хилари Клинтон и покрај тоа што има „експлозивни информации“ кои го поврзуваат нејзиниот ривал Доналд Трамп со Владата на Русија.

Најчитани вести