четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 70

Обама со „Медал на слободата“ ги награди Мајкл Џордан, Елен Деџенерис, Том Хенкс, Бил Гејтс…

Американскиот претседател Барак Обама им врачи „Претседателски медал на слободата“ на група иноватори, научници и ѕвезди, меѓу кои се најдоа и филантропот Бил Гејтс, музичарот Брус Спрингстин и актерот Том Ханкс, пренесе ДПА.

обама

Поврзани вести

На церемонијата во Белата куќа Обама наградите им ја врачи на вкупно 21 лице. Наградените тој ги опиша како „исклучителни Американци, кои го кренаа нашиот дух, го засилија нашиот сојуз и не поттикнаа кон прогрес“.

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда се наградени затоа што преку нивната фондација поделиле милијарди долари за борба со гладта и сиромаштијата низ светот. Комичарката Елен Деџенерис наградата ја добива не само за својот артистички придонес, туку и затоа што уште пред една деценија јавно призна дека е лезбејка, „за нашата земја да ја потурне кон правдина“.

Од шоу бизнисот награди добија основачот на емисијата „Сатерди најт лајв”, Лорн Мајклс, актерите Роберт де Ниро, Роберт Редфорд и Сисели Тајсон, како и пејачката Дајана Рос. Кошаркарските величини Мајкл Џордан и Карим Абдул-Џабар се надвиснаа над претседателот Обама додека тој им ги ставаше медалите околу вратот, забележа ДПА.

Обама награди и помалку познати личности, кои им одолеале на предизвиците да стигнат до врвот во својата област – вклучително и физичарот Ричард Гарвин, кој ја создал водородната бомба, а кој потоа се бореше за неширење на нуклеарното оружје. Меѓу наградените се и Маргарет Хамилтон, која во 60-тите го создала софтверот за ракетите„ Аполо“, Грејс Харпер, пионер во информатиката, Едуардо Падрон, претседател на колеџ, поранешниот претседател на Федералната комисија за комуникациим Њут Миноу и Елоиз Кобел, заштитничка на правата на американските индијанци.

Најчитани вести