Обама, Меркел и Оланд повикаа на прекин на огнот во Либија

Водечките европски лидери и Барак оБама повикале на прекин на огнот во Либија и апелирале на ОН да превземат водечка улога во напорите да се запре насилството и беззаконието во таа земја и да се врати стабилноста.

АПелот е упатен со посредство на конференциски телефонски врски меѓу американскиот претседател Обама, германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд, британскиот премиер Дејвид Камерон и италијанскиот премиер Матео Ренци, стои во соопштението на германската влада, пренесе АФП.

„Петте шефови на држави и влади го судиле насилството против цивилите и заплашувањето на државните претставници и попречувањето на политичкиот процес“ се истакнува во сооптението. Лидерите на четирите европски држави и САД се сложиле дека е неопходден моментален прекин на огнот меѓу локалните милиции и властите во Триполи.

Најтешкиот судир од 2011 година започнале на 13 јули со нападот на вооружените групи на аеродромот во Триполи, а подоцна се прошириле на другите градови.

Денеска во еден склад за нафта во околината на Триполо избил голем пожар што е закана за нафтената индустрија на земјата веќе погодена со егзодусот на странските работници.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.