вторник, 30 мај 2017  |  Вести денес: 3

Обама и вети на Меркел суштинска поддршка за бегалската криза

Претседателот на САД Барак Обама и ветил на германската канцеларка Ангела Меркел суштинска поддршка за олеснување на бегалската криза на Блискиот Исток и во Европа, соопшти портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт, пренесе МИА.

obama-merkel-telefon

Последни вести

Претседателот на САД Барак Обама и ветил на германската канцеларка Ангела Меркел суштинска поддршка за олеснување на бегалската криза на Блискиот Исток и во Европа, соопшти портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт, пренесе МИА.

Двајцата лидери синоќа имале телефонски разговор. Меркел ги изложила целите на донаторската конференција во Лондон на 4 февруари за сириските бегалци, на која таа ќе биде копретседавач.

Обама и Меркел се обединиле околу мислењето дека конфликтите во Сирија и Украина можат да бидат решени само со политички средства, додаде Зајберт.

Тие ја разгледале бегалската криза во Европа и се согласиле дека претстојната донаторска конференција во Лондон ќе биде шанса за стимулирање на меѓународните напори по прашањето, наведува Белата куќа во соопштение.

Обама ја известил Меркел, дека планира да организира средба на врвот на лидерите, кои што ќе учествуваат на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во септември, за да издејствува нови ангажмани за справување со бегалската криза.

Најчитани вести