Обама: Мишел никогаш нема да се кандидира за претседател на САД

мишел

Откако Доналд Трамп изненадувачки ја победи Хилари Клинтон на изборите на 8 ноември, на социјалните мрежи постојано беа упатувани повици актуелната прва дама на САД да биде претседателски кандидат на демократите во 2020 година.

Мишел никогаш нема да се кандидира. Таа е најталентираниот човек што го познавам и неверојатно се согласува со Американците. Но, како што кажувам на шега, таа е премногу чувствителна за да се впушти во политика, тврди Обама во интервју за списанието „Ролинг стоун“.

Прашана многупати во изминатите години за нејзините планови и амбиции, Мишел неуморно повторуваше дека таа нема да тргне по стапките на Хилари Клинтон, која се впуштила во трката за претседателската функција, чиј сопруг Бил Клинтон беше шеф на државата осум години (1993-2001 година).

На 20 јануари 2017 година, при заминувањето од Белата куќа, Мишел Обама ќе има 53, а Барак Обама 55 години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.