Обама: Најголема грешка ми е тоа што не направив повеќе по соборувањето на Гадафи

Претседателот на САД, Барак Обама смета дека најголема грешка што тој ја направил за време на неговиот мандат е неуспехот во планирањето по соборувањето од власт на либискиот претседател Мохамед Гадафи во 2011-тата, пренесува „Танјуг“.

Тој во интервјуто за Фокс Њуз што беше емитувано вчера истакна дека семта дека интервенцијата во Либија била исправна, но дека не било успешно испланирано што да се направи потоа.

Американскиот претседател минатиот месец за „Атолантик“ говореше за интервенцијата во Либија и рече дека британскиот премиер Дејвид Камерон бил „попречен“ со низа други работи по таа интервенција.

Обама истакна дека интервенцијата во Либија поминала најдобро што можело, но оцени дека Либија денес е во хаос. Тој рече дека имал „повеќе доверба“ во Европјаните дека ќе се вклучат во периодот по интервенцијата со оглед на нивната географска близина и ја открил нивната пасивност во однос на хаосот во земјата.

Портпаролот на Советот за национална безбедност на САД Нед Прајс вели дека Обама верува дека „сите ние, заедно со САД можевме да направиме повеќе по интервенцијата во Либија“. Тој за Си Ен Ен истакна дека врските меѓу Велика Британија и САД и понатаму се силни.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.