Обама наполни 55 години, последен роденден во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама го прослави 55-от роденден – последен во Белата куќа.

Обама со своето семејство беше на вечера каде уживаа во омилените италијански специјалитети со морски плодови.

Во сабота, американскиот претседател со семејството ќе замине на годишен одмор, а половина од месецот ќе помине на островот Марта Винјард во Масачусетс.

Среќен роденден на претседателот Обама му посака потпретседателот Џозеф Бајден кој на Твитер објави фотографија „нараквица на пријателство на Џо и Барак“.

–  Мој брат, засекогаш најдобар пријател, наведе Бајден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.