Обама нареди ревизија на политиката за ослободување заложници

Американскиот претседател Барак Обама нареди сеопфатна ревизија на политиката на администрацијата поврзана за вложување напори да се ослободат Американци киднапирани од екстремистички групи во странство.

Како што јавува МИА, Обама побарал од релевантните служби и агенции, меѓу кои МО, ФБИ и разузваначки агенции, да извршат сеопфатна ревизија на начинот на кој американската власт се занимава со тоа прашање.

Администрацијата не можеше да ги наведе сите чекори преземени да се ослободат киднапираните, но портпаролот на Националниот совет за безбедност Алистер Беки рече дека Вашингтон ќе продолжи да вложува потребни воени, разузнавачки, полициски и дипломатски напори за откривање киднапирани американски лица.

Во изминатите неколку месеци екстремисти од ИД убија тројца Американци, вклучително и полседниот случај на Питер Касиг чие сурово погубување во неделата беше објавено на видео снимка на таа група.