Свет

Обама не ја исклучува можноста за воена интервенција во Сирија

Обама не ја исклучува можноста за воена интервенција во Сирија

Претседателот на САД Барак Обама изјави дека не ја исклучува можноста за решавање на сириската криза со употреба на воена сила, пренесе „Интерфакс“.

„Во моментов не размислуваме дека има воено решение на овие проблеми. Сепак ситуацијата во Сирија е многу нестабилна и ние продолжуваме да ги разгледуваме сите можни начини за решение на ова прашање“, рекол Обама на заедничката прес-конференција со претседателот на Франција, Франсоа Оланд.

Обама додал дека страдањата на сирискиот народ носат закана за целиот регион, вклучително и за сојузниците и партнерите на САД, како Либан и Јордан.

„За целиот период на мојот престој на функцијата претседател јас си го задржувам правото за употреба на воена сила во интерес на националната сигурнст на САД. Таа можност сепак треба да се користи мудро, додал американскиот претседател.