Обама одлучи да испрати 250 војници во Сирија

Обама, кој се наоѓа во посета на Германија, денеска заедно со германскиот канцелар Ангела Меркел го посети Саемот во Хановер, од каде ја потврди веста за испраќањето американски војници во Сирија, јави ДПА.

– Во деловите на северна и источна Сирија е остварен напредок во борбата против џихадистите, кои се протерани од некои од своите упоришта, нагласи Роудс пред новинарите во Хановер.

-Сакаме да го забрзаме тој напредок и веруваме дека одлуката за исраќање на дополнителни америкасни војници може да игра пресудна улога, наведе Роудс.

Тој прецизираше дека војниците во Сирија нема да учествуваат во борбите на терен.

Американскиот весник „Волстрит журнал“ повикувајќи се на неименувани американски претставници, наведува дека со оваа одлука, бројот на американски војници во Сирија ќе се зголеми на околу 300.