Обама одобри испраќање на уште 1500 војници во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама побара од Конгресот повеќе од пет милијарди долари за финансирање на борбата против Исламска држава и одобри испраќање на уште 1.500 војници за мисија во Ирак.

Белата куќа соопшти дека американските трупи нема да имаат борбена улога во Ирак туку ќе советуваат и помагаат на ирачки и курдски сили.

Обама дополнителните сили ги одобрил да оперираат во ирачки воени објекти во предградија на Багдад и Ербил додека досегашните сили сеактивни само во заедничкиот координативен центар во кој имало и припадници на ирачката армија.