Обама одобри пет милиони долари воена помош за Украина

Американскиот претседател Барак Обама нареди да се испрати дополнителна воена помош во вредност од пет милиони долари на Украина за справување со сегашната криза.

Таа вклучува воена опрема и помош за подготовката на војниците, но не и борбени системи.

Според соопштение на Белата куќа, надлежностите за извршување на наредбата на претседателот му се предаваат на државниот секретар Џон Кери, согласно американскиот Закон за давање воена помош од 1961 година.

Кери ги добива и надлежностите да го нареди давањето на помошта за Украина од секое американско министерство или владин орган.

Вредноста на оваа помош може да достигне и до 20 милиони долари, но не може да вклучува оружје.