Обама одобри воздушни напади во Ирак

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека одобрил прецизни воздушни напади врз џихадисти на „Исламската држава“ во Северен Ирак и доделување на хуманитарна помош со воени авиони за загрозеното цивилно население со цел да се спречи „потенцијален геноцид“.

Одобрив прецизни напади за помош на ирачките сили, ако е неопходно, во борбите за заштита на цивилното население, што е заробено без вода и храна во планински делови на земјата. Можеме да делуваме одговорно и претпазливо, со цел да се спречи потенцијален геноцид, изјави Обама.

Нападите ќе бидат извршени ако џихадистите напредуваат кон Ербил, главниот град на автономниот регион Ирачки Курдистан, каде има американски дипломати и воени советници.

МИА

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.