Обама подготвува промена на челото на НСА

Американскиот претседател, Барак Обама, би требало наскоро да го именува новиот директор на Националната служба за безбедност (НСА), 53-годишниот вицеадмирал Мајкл Роџерс, кој би требало да го наследи актуелниот началник, генералот Кит Александер.

Доколку пратениците на Конгресот го изгласаат предлогот за неговото именување, Роџерс на позицијата на првиот човек на НСА ќе стапи на силa во многу тежок момент за оваа служба, која се најде по лупа на светската јавност поради аферата со прислушкување и следење на Интернет комуникациите.

Откако нивниот поранешен службеник, Едвард Сноуден минатата година откри дека агенцијата со години се занимавала со шпионажа на важни личности од целиот свет, НСА се соочува со драстичен пад на рејтингот.