Обама потпиша указ кој предвидува санкции за кибер напаѓачите

Американскиот претседател Барак Обама денеска потпиша указ со кој се предвидуваат санкции против Американци и странски лица и групи кои учествувале во кибер напади, пренесува МИА.

Со указот американската администрација има право да ги блокира банкарските сметки на кибер напаѓачите во САД.

– Кибер нападите се една од најсериозните закани за економијата и за националната безбедност на САД. Санкциите ќе им овозможат на САД да се борат против акциите насочени кон клучната инфраструктура, извршителите на индустриска шпионажа и напади врз компјутерски мрежи, истакна Обама.