Обама: Повеќе опции како одговор за кризата на Крим

Претседателот на САД одржа седница на Советот за национална безбедност, информираат од Белата куќа. Во соопштението се истакнува дека на средбата се разгледувале различни варијанти на дејствување во однос на Русија како одговор на ситуацијата во Крим, пренесе „Интерфакс“.

На седницата беа вклучени државниот секретар на САД, Џон Кери, кој денеска треба да пристигне во Киев, министерот за одбрана на САД Чак Хејгл, како и претседателот на Здружениот комитет на генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Мартин Демпси.