Обама повика на смиреност по пресудата во Фергусон

Полицаецот, белец  Дарен Вилсон кој го застрела и уби 18 – годишниот афроамериканец Мајкл Браун во американскиот град Фергусон нема да биде обвинет. Убиството на Мајкл Браун во Фергусон, Мисури на 9 август годинава предизвика неколкунеделни, повремено и насилни протести во подрачјето на Сент Луис.

Претседателот на САД Барак Обама повика на смиреност, откако судот во Фергусон одлучи да не го подведе под одговорност полицаецот, што смртоносно застрела невооружен тинејџер во Фергусон во август годинава.

– Ние сме земја, основана на владеењето на правото, така мора да прифатиме дека тоа е одлука, што е донесена од судот, изјави Обама.

fergusonnnnСпоред него разбирливо е дека некои Американци ќе бидат длабоко разочарани, дури и гневни. Обама, сепак повика протестите да бидат мирни, а демонстрациите да се насочат кон начинот да се постигне поголем напредок во зближување меѓу полицијата и заедниците.

– Тоа нема да се случи ако се фрлаат шишиња. Нема да се случи ако се кршат прозорци и возила. Нема да се случи ако настанот се користи за вандализам, нагласи Обама.

По објавувањето на пресудата оти полицаецот што уби тинејџер нема да биде даден на суд, во Фергусон дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата употреби солзавец за растурање на протестите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.