Обама префрлен во болница

Претседателот на САД, Барак Обама вчера се пожалил на воспаление на грлото поради што веднаш бил префрлен во воената болница Волтер Рид. Лекарите заклучиле дека се работи за пореметување на желудникот, кое е проследено со болки во грлото, покачена телесна температура и повраќање.

„Њујорк тајмс“ пишува дека неколку часа пред да биде пренесен во болница, во белата куќа бил повикан оториноларинголог кој извршил преглед.

Личниот лекар на Обама и капетан на морнарицата Рони Џексон утврдил дека грлото на Обама благо потекло и препорачал да бидат извршени дополнителни анализи.

Во неговите два мандати Обама немал голем број здравствени проблеми, а по последниот систематски преглед во мај, доктор Џексон изјави дека претседателот е во добра здравствена состојба.