Обама пристига во Европа на разговор со европските сојузници

Американскиот претседател Барак Обама денеска доаѓа во Европа на разговор со лидерите на групата на седум индустриски најразвиени земји, со цел европските сојузници да го зголеми притисокот на Русија поради Крим, најавуваат од Вашингтон.

Во интервју за холандскиот весник „Волкскрант“ објавен пред неговото доаѓање, Обама наведе дека неговата порака кон европските лидери е дека рускиот претседател Владимир Путин треба да сфати дека неговата акција во Украина подразбира економски и политички последици.

Руските акции ги алармираа Европјаните, но многу лидери на Европската унија се грижат поради акции кои би можеле да ја повредат економската и енергетска зависност од Русија, бидејќи Русија обезбедува една третина од европската потреба за гас, а 40 отсто од тој гас поминува низ Украина.

„Ако Русија продолжи да ја ескалира ситуацијата, мораме да бидеме подготвени да наметнеме поголема цена,“ наведе Обама.

Во текот на разговорите во Хаг, Обама сака да види колку далеку европските сојузници се подготвени да одат за да ја сопрат Москва да започне пожестока акција  во однос на Украина и спојувањето на Крим.

Холандија е првата станица на Обама на турнејата која ги опфаќа Белгија, Италија и Саудиска Арабија.