Обама: Продолжуваме со шпионажата, Меркел да не се грижи

Разузнавачките служби на САД ќе ја продолжат шпионажата на странските влади, рекол американскиот претседател Барак Обама во интервју за германската телевизија „ЗДФ“.

Обама рекол дека го запрел шпионирањето на лидерите на пријателските земји како и тоа дека нема да дозволи надгледувањето да ги наруши неговите однос со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Нашите разузнавачки агенции, како и германската разузнавачка служба и оние во другите змеји, ќе продолжат да се интересираат за намерите на владите ширум светот. Тоа нема да се промени“, рекол Обама.