Обама: Путин ја одредува иднината на Украина со пушки

Лидерите на најголемите светски сили повторно ја нападнаа Русија и нејзиниот претседател за директно поттикнување на судирите во Украина и кршење на суверинитетот на таа земја.

Лидерите на најголемите светски сили кои учевствуваат во историскиот самит на НАТО во Велс упатија остри зборови и обвинувања на сметка на Русија и претседателот Владимир Путин.Тие истакнаа дека Путин се обидува, од Украина која е суверена држава, да ја примора да се откаже од своите права и да и ја одреди иднината со цевки од пушките.

Ова, непосредно пред почетокот на Самитот го изјавија американскиот претседател Барак Обама и британскиот премиер Дејвид Камерун. Тие се согласија дека Русија ги прекршила правилата со незаконска анексија на полуостровот Крим, а дека нејзините трупи на украинска територија се закана и го загрозуваат суверенитетот на државата.

„Треба да го поддржиме правото на Украина да ја одреди својата демократска иднина,“ наведоа двајцата лидери.