Обама и Путин седнуваат на заедничка маса

Обама и Путин седнуваат на заедничка маса денес во Њујорк, причината е Сирија!

Претседателот на САД Барак Обама и претседателот на Русија Владимир Пурин денес ќе се сретнат на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк. Ова ќе биде прва средба на двајцата претседатели по 15 месеци, откако дојде до заладување во односите поради Украина, што кажува дека напорите за решавање на кризата во Сирија се засилуваат.

Средбата очигледно е продолжување на стивнатата комуникација помеѓу водечките светски сили што се обидуваат да го сопрат крвопролевањето во Сирија и да го стабилизираат Блискиот Исток.

Граѓанската војна во Сирија до сега однесе повеќе од 250.000 животи и предизвика бран бегалци во соседните земји и во Европа. САД и Русија досега не се сложуваа во поглед на начините за ставање крај на конфликтот во Сирија. САД бараа оставка на сирискиот претседател Башар ал Асад и ја обвинија Русија дека воено се ангажирала во борба против ИД за да го зачува неговиот режим.

Москва смета дека без Асад не е можно да биде ставен крај на војната во Сирија. Американската асминистрација вели дека не е заинтересирана за сеуште неодрдедениот предлог за Сирија на Путин, а тоа Западот да се откаже од инсистирањето врз тоа Асад да си замине и сите страни да се здружат во борбата против ИД, но американските функционери веруваат дека постои основа за соработка доколку Путин прифати.