Свет

Обама: Русија има нафта, ние имаме ајпади и филмови

Обама: Русија има нафта, ние имаме ајпади и филмови

Во најновото интервју што Обама го даде за американската мрежа Ен Пи Ар, тој истакна дека анексијата над Крим не била „најпаметен чекор“ и појаснил зошто според него САД се економски постабилни од Русија.

– Нашата најголема предност над Русија е тоа што ние имаме динамична, жива економија, а тие не. Тие се потпираат на нафтата. Ние имаме и нафта и ајпади и филмови е уште многу други работи, појасни тој.

Барак Обама во интервјуто кое го даде непосредно пред да замине на Хаваи по повод празниците рекол дека смета дека рускиот претседател Владимир Путин направил „стратешка грешка“ кога извршил анексија врз Крим и дека тоа „не бил најпаметен потег“.

-Грешат сите што мислат дека нашиот руски противник е генијален и тоа го покажа моменталната економска криза во Русија, тоа го истакна Обама.

Обама неодамна ги отфрли обвинувањата дека бил надмудрен од страна на претседателот на Русија, наведувајќи дека Путин претседава во време на огромен економски пад, поради кризата во Украина.