Обама: САД не се во војна со исламот, туку со луѓето што ја извртеле верата,

Обама: Исламска држава е закана за граѓаните, но не е егзистенцијална закана за САД
Обама: Исламска држава е закана за граѓаните, но не е егзистенцијална закана за САД

Претседателот на САД Барак Обама денеска изјави дека САД не се во војна со исламот, туку со луѓето што ја извртеле верата, објави МИА.

Обама нагласи дека припадниците на екстремистичката Исламска држава и терористичката мрежа Ал каеда не се верски лидери, туку терористи.

Американскиот претседател во своето обраќање на Конференција за борба против насилниот екстремизам, одржана во Белата куќа, нагласи дека ниту една религија не е одговорна за насилство и тероризам, додавајќи дека сака да повика за толеранција во САД и пошироко.

Обама, исто така, се заложи првенствено да се направат напори да се спречат терористите да регрутираат нови борци.