Свет

Обама сака да им забрани на семејствата на американските заложници да преговараат за откуп

Обама сака да им забрани на  семејствата на американските заложници да преговараат за откуп

Владата на американскиот претседател Барак Обама размислува за промена на политиката на земјата – сака да воведе забрана за семејствата на американските заложници во странство за плаќање откупи за нивните киднапирани роднини, пишува МИА.

Овој предлог се соддржи во експертскиот извештај со препораки до Белата куќа.

Тројца високо позиционирани претставници на американската администрација за агенциите потврдиле дека таа е на пат да ја преразгледа својата политика за ова прашање. Тие, меѓутоа, не посочуваат кога може да се донесе соодветната одлука.

Претставник на Белата куќа одби да даде коментар на темата.

Владата на САД почна да ја преразгледува политиката што се однесува на плаќањата откупи на грабнатите Американци во странство откако џихадистичката група Исламска држава минатата година во Сирија го обезглави Џејмс Фоули. Семејството на американскиот новинар тврди дека Белата куќа им се заканила со судење доколку се обиде да плати откуп за својот роднина.

Американски командоси минатата година имаа неуспешен обид да го ослободат Фоули и другите заложници на Исламска држава. Потоа Американецот беше убиен од џихадистите.