Обама: Санкциите против Русија дејствуваат

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека американските санкции против Русија даваат резултати, но додаде дека Вашингтон ќе се соочи со многу поразлични прашања ако Москва започне инвазија на Источна Украина.

Западните официјални лица предупредуваат на натрупување на руски воени сили на границата со Украина и додаваат дека тоа може да биде вовед во голем напад, со цел заштита на проруските сепаратисти кои се борат со украинските трупи.

Иако и републиканците и демократите во американскиот Конгрес сакаат САД да испрати воена помош на Украина, администрацијата на Обама верува дека засега не е потребна американска воена помош