Обама се обидува да си ја врати почитта од Американците

За време на синоќешниот говор пред Конгресот, претседателот на Соединетите Американски Држави, Барак Обама се обиде да си ја врати почитта од Американците, коментира германското списание „Фокус“.

Зборувањето за ситуацијата во земјата е еден вид ревија и демонстрација на вештини за американските претседатели. Секоја година, на крајот на јануари, шефот на државата се соочува со Конгресот, ги опишува своите успеси во последните дванаесет месеци и претставува листа на политичките цели што сака да ги постигне во наредните дванаесет месеци.

За време на својот говор, Барак Обама се обиде со тврда реторика да го спаси својот втор мандат и имиџ. Човекот кој наводно е најмоќниот во светот, се бори да не биде прогласен за „губитник“ во остатокот од владеењето, односно од неговиот втор мандат, коментира весникот.