Обама се сретна со својот полубрат по 20 години

Барак Обама и неговиот полубрат Марк Обама Ндесандо се запознаа во 1988-та година за време на посетата на американскиотпретседател на Кенија. Тие не биле во контакт цели 20 години, а потоа Марк го изненадил Барак во 2008-ма година во Тексас, пред дебатата со Хилари Клинтон.

Барак Обама Постариот се развел од мајката на претседателот Обама, Ен Дунхан, кога имал само две години. Неколку месеци подоцна се оженил со мајката на Марк, Рут.

Во автобиографијата „Мојата одисеја на самооткривање“, Ндесандо го опишал растењето во Кенија покрај Обама Постариот, кој го окарактеризирал како насилен алкохоличар.

Неговата мајка подоцна го напуштила неговиот татко и се премажила. Марк студирал на Станфорд, а во 2002-ра година се преселил во Кина се оженил.

По таа средба, Марк и Барак се виделе уште неколку пати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.