Обама се запиша во книгата на жалост во амбасадата на Франција

Американскиот претседател Барак Обама ненајавено ја посети Амбасадата на Франција во Вашингтон и се запиша во книгата на жалост и изрази солидарност со францускиот народ, по нападот на редакцијата на „Шарли ебдо“ во Париз, при што загинаа 12 луѓе, пренесе МИА.

– Како сојузници со векови ние остануваме обединети со нашите француски браќа, напиша Обама истакнувајќи дека САД заедно со Франција оди напред против тероризмот и остануваат приврзани на слободата и и идеалите кои го осветлуваат светот.

На крајот Обама напишал „Да живее Франција“.

фото: washingtonpost