четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 51

Обама: Сите Американци треба да застанат зад Трамп

Тој најави дека ќе има мирна транзиција на власта во земјата и соопшти дека го поканил Трамп утре да го посети во Белата куќа.

obama

Последни вести

Американскиот претседател Барак Обама денеска ги повика Американците да го поддржат неговиот наследник Доналд Трамп, нагласувајќи дека сите првенствено треба да бидат патриоти и „во еден тим“, пренесува МИА.

Обама ги повика приврзаниците на неговата Демократска партија да не бидат разочарани од победата на републиканецот Трамп и да го поддржат во заложбите за „успешно обединување и раководење на земјата“.

Во своето прво обраќање до јавноста по победата на Трамп на вчерашните избори, Обама изјави дека е охрабрен од најавите на идниот претседател дека „ќе допре до сите сонародници“, потенцирајќи дека на САД им се потребни единство, инклузивност и почитување на институциите.

– Сите ние пред се сме Американци и патриоти и го сакаме најдоброто за нашата земја, истакна Обама, повикувајќи ги пред се младите да „останат храбри и да не бидат цинични“.

Тој нагласи дека неговата Администрација ја остава земјата посилна и подобра отколку што била пред осум години и истакна дека е горд на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон, за која оцени дека „не можела да биде подобар државен секретар“.

Најчитани вести